ВМРО-ДПМНЕ бара дислоцирање на модуларната амбуланта што ја гради „Брако“ во Бутел

by Fokus

ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот за градоначалник на Бутел од оваа партија, пратеникот Дарко Костовски, побараа општината да престане со градежните активности и да ја дислоцира модуларната амбуланта. За нив, оваа како што велат тие, е срамна и таканаречена амбуланта.

-Станува збор за ист тип на модуларна амбуланта како онаа во Тетово изградена од иста фирма блиска до власта. Градоначалникот во заминување Велимир Смилевски, предизборно но и за време на неговиот неуспешен четиригодишен мандат 10-тина пати јавно ветуваше дека општина Бутел ќе добие модерна поликлиника. Сето тоа резултираше, пред се со небезбеден и понижувачки објект кој го нарушува достоинството на луѓето во општина Бутел. Изразуваме длабоко сочуство до сите блиски на починатите и повредени луѓе во тетовскиот трагичен настан, рече Костовски.

Поврзани новости