309
ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува демолирањето на македонскиот клуб во Благоевград.
-Вандализмот не е добрососедство и не може да биде. Негирањето на Македонија, но и на Македонците во соседството е пред се резултат на поданичкиот однос на власта, која го дозволи и мотивира тој однос. Сега Ковачевски и Пендаровски на дело гледаат кај ја донесоа државата и македонскиот народ, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Тие упатија апел и до Бугарија и до меѓународните институции во таа земја, што побрзо да се откријат вандалите, истите да се казнат и да се запре со говорот на омраза против Македонците.