ВМРО-ДПМНЕ: Атентат врз Вучиќ подготвувал мафијаш кому Спасовски му даде пасош

by Fokus

Според информации на Европол, откриен e заговор за атентат врз претседателот на, Србија Александар Вучиќ. Извршител на атентаторот требало да биде лицето Радоје Звицер, кој добил македонски пасош, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Поминува една година, и виновни за оваа афера каде со македонски пасош се стекнале регионални и светски мафијаши, нема освен симболична казна за неколку службеници во МВР кои треба да бидат колатерална штета нема одговорност за вистинските организатори на ваквата мрежа за издавање на македонски пасоши. Нема криминалец кој не оперира со пасошите на Спасовски со македонско знаме,“ велат од ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани новости