Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека се излегува на површина со тек на време, па така и коалицијата СДС – ДУИ – Данела Арсовска.
„Коалицијата на Арсовска со СДС и ДУИ одамна ја обелоденивме и одамна народот ја препозна, всушност заради таа коалиција Скопје тоне. Назначувањето на Јетон Бучи од ДУИ, како и директорите во ЈСП се доказ од кого Скопје пати. ДУИ и СДС како власт ја фатија Арсовска, ја корумпираа и уценија и сега таа е беспоговорен извршител на сите налудничави идеи на ДУИ и СДС меѓу кој е и нивниот плиткоумен план да го остават Скопје да тоне во ѓубре и неефикасни локални градски институции а паралелно да го набедуваат ВМРО-ДПМНЕ дека е криво за тоа“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму додаваат дека какоко што ја распаднаа државата и нејзините институции сега го прават на градот Скопје.
„На ист начин. Со исти методи и со исти актери со несомнен морален дефект. Е до таму им оди умот на овие бандити, кои се кријат во раководствата на СДС и ДУИ, кои лесно наоѓаат свој извршители по сопствени вредности, имиџ, карактер и критериуми, искористувајќи им ги слабостите и отстуството на морални вредности како во случајот во името на лицето Данела Арсовска“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.