ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска е единица мерка за неспособност, колку тежи се виде на последните избори кога ниту домашните не ја гласаа

by Fokus

„Кој е како Данела Арсовска. Седи, добива плата и провизии, а Владата и ги плаќа ратите за автобуси кои Арсовска не е способна да ги плаќа. Кадрите на Драги Митковски го водат градот, освен кога Арсовска не му е лута, и му ги разрешува, а него му гори возилото, согласно омилениот метод на Арсовска за пироманство, а СДС и гласа буџет во совет, истиот тој со кој раководат кадри на Левица во неколку скопски институции“ соопштија денеска од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат „покрај лажното високо мислење за себе, соочувањето со реалноста се виде на последните избори кога поддршката на градоначалничката Арсовска беше на ниво на статистичка грешка, кога и домашните не ја гласаа“.

„Скопје е нечисто не поради некаква неизгласана програма, туку поради некадарноста, криминогеноста и подлоста на Данела Арсовска која добива поддршка од СДС, ДУИ и Левица. Додека Данела Арсовска менува директори секојдневно, а веруваме дека имињата ниту самата не ги памети, треба да се знае дека Градот Скопје го претвори во депонија затоа што фокусот не и е чистотата туку провизиите. Сите одговорности и надлежности се во рацете на Арсовска. Наместо да бара кривци нека се зафати со работа“ се вели во партиското соопштение.

Поврзани новости