-Со нетрпение го чекаме 25 април, утрото кога ќе се разбудат функционерите на СДСМ од шамарот што народот ќе им го даде. Што ли ќе си помислат кога ќе се погледнат во огледало? Убедени сме дека ни тогаш нема да ја сфатат пораката на народот зошто нивната ароганција, среброљубие, препотентност и површност немаат крај, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ во кое се вели дека стабилна влада се обезбедува на слободни фер и регуларни избори, а не со 17 бонус пратеници како што понуди Груевски.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека и кога СДСМ ќе изгубела на следните избори, ќе измислувала десетици оправдувања и лаги пред своето членство за да си ја оправдала својата „ неспособност, незнаење, некадарност и кариери исоплнети со криминал и луксуз“.
-Со денешната реакција, СДСМ потврди дека знае дека ќе ги загуби следните парламентарни избори, а со тоа призна дека легитимно и чесно ги изгубила и минатите избори. Денеска СДСМ си ја призна лагата врз основа на која го темели целото свое политичко делување. Ако не лажеа, со две раце ќе го прифатеа предлогот на Никола Груевски за дополнителни 17 пратенички места за победникот на изборите. Кога граѓаните, а посебно членовите на СДСМ, ќе видат дека СДСМ лаже за клучни прашања, тогаш ќе им е до крај јасно дека овие луѓе штом отворат уста лажат, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.