СДС од ден на ден тоне во своите лаги, Антикорупциска потврди дека синот на претседателот Мицкоски патувал законски во САД, велат од партијата ВМРО-ДПМНЕ.
„Државната комисија за спречување корупција пресече и докажа дека СДС води ниска и бедна кампања.
Вистината која ја докажа ДКСК не може да ги надохнади нервозите и стресовите кои СДС ги нанесе и тоа, ни помалку ни повеќе, на дете.
СДС ниту ќе се засрамат, ниту ќе се извинат, затоа што тие ништо друго не знаат освен лаги и навреди.
Народот јасно им кажа не и тие никако да се освестат, туку и понатаму тонат.
И покрај нивните лаги и навреди, државните институции докажаа дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски постапува согласно начелата на чесност и транспарентност.
Како што за ова излезе вистината на виделина, тоа ќе се случи и за многу друг случаи поврзани со СДС.
СДС ќе види што е владеење на право и правда, што значи да се применува начелото на транспарентност“, стои во партиското соопштение.