Граѓаните на Република Македонија вчера ја видоа сета деструкција на власта и антидржавните политики кои ги спроведуваат, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Собранието без опозиција донесе неуставен закон за двојазичност со кој што се редефинира државата. Истовремено ја задолжуваат Македонија за половина милијарда евра, пари кои ќе ги трошат за задоволување на мегаломанските потреби. Вицепремиерот Кочо Анѓушев ја продава сопствената компанија на грчка фирма, додека Никола Димитров е на тајни преговори во Солун за промена на името. Паралелно владата одлучува ТАВ да не гради карго аеродром во Штип со кој што економски ќе заживееше цела источна Македонија и ќе се обезбедеше економски просперитет на подолг рок – се наведува во партиското соопштение.