Амнестија на криминалот нема да има. Залудно Заев се радува дека со новиот закон нема да се истражуваат неговите криминали кои ги слушнавме, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
-Заев знае само да гази по правото. Заев го интересира криминалот, рекетот и личното богатење, а не почитувањето на закони
Заев и СДСМ се синоним на криминалот. Корупцијата и криминалот им се работи кои ги прават за добро утро.
Заев и СДСМ го заробија правосудниот систем, а од ветуваните право и правда нема ништо. Има само извитоперено право и извитоперена правда по теркот на Заев. Тоа не е ниту право, ниту правда.
За три години СДСМ само газеше по правото, газеше по законите, газеше по Уставот. За три години СДСМ гази по народот.
Заев и СДСМ направија само народот да види што е Луи Вутон обвинителство и трас-трас судство.
ВМРО-ДПМНЕ е различно и тоа ќе го видат граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ кога зборува за право и правда, мисли на право и правда засновани на почитување на процедури, закони и Устав.
Заев покажаа единствено дека може повеќе криминал, може повеќе корупција и може само порази. Заев и СДСМ не знаат за ништо друго. Доцна е Заев и СДСМ да зборуваат за закони и нивно почитување. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.