918
Министерот за здравство, Венко Филипче, на вечерашното гостување на телевизија Канал 5 во емисијата „Само вистина“ кажуваше само ноторни лаги, зборувајќи дека докторите земаат 100 илјади денари плата и дека ќе се гради нов клинички центар, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Го прашуваме Филипче дали е свесен дека додека тој е министер има најголем бран на смртни случаи предизвикани од некој фактор и влијание по Втората светска војна. Ако неговиот претходник, кому Филипче му беше советник самите тие го викаа министер за смрт, самиот Филипче стана министер за зараза и смрт“, стои во реакцијата.