Ако законот што забранува објавување на „бомбите“ не се коригира во согласност со сите партии и не се поднесе како заеднички предлог до 20 октомври, тогаш владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ повторно ќе го поднесат предлогот што вчера го повлекоа, а во таква ситуација во прашање ќе биде доведено гласањето на министрите и на замениците-министри на СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму велат дека подготвени се да го прифатат кој било модел за прочистување на избирачкиот список, без разлика дали тоа е активна регистрација, вкрстено проверување од страна на институциите и слично, за да не ис оатават простор и основа на опозицијата да ги проблематизира следните избори.
Како што брифираат од владејачката партија, СДСМ, ДУИ и ДПА се против досегашниот избор на тројца пратеници од дијаспората, а сите се согласиле медиумите да не се јавуваат како донатори на партиите.