Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска достави предлог-закон за докторска дејност до повеќе лекарски здруженија во Македонија.
Предлогот претходно беше поднесен и до Собранието на Република Македонија.
„Со овој предлог-закон за докторска дејност се предвидува вреднување на докторскиот труд, односно се утврдува висината на платата преку колективен договор, којашто би ја земале специјалистите и општите доктори од примарното, секундарното и терцијалното здравство. Конкретно, платата на докторите специјалисти се предвидува да изнесува четири и пол просечни плати или 100.000 денари, додека, пак, платите на општите доктори да изнесува две и пол просечни плати, односно 56.000 денари“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму велат дека очекуваат сугестии од лекарските здруженија.