ВМРО добива секретари во Тетово и Гостивар и директори во Куманово

by Фокус

Освен што освои над 40 општини на локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе има влијание во околу 50 општини како резултат на предизборната соработка.

Како што брифираат од ВМРО-ДПМНЕ, добиваат секретари на општините Тетово и Гостивар на чело со градоначалниците Биљал Касами и Арбен Таравари од Беса и АА.

Исто така, партијата на Христијан Мицкоски ќе има секретар и во Карпош на Стевчо Јакимовски.

Покрај тоа, посочуваат извори од опозициската партија, ќе добијат и директори на две јавни претпријатија во Куманово предводено од Максим Димитриевски од СДСМ, кој вториот мандат го доби како независен кандидат.

Инаку, станува збор за јавните претпријатија Куманово-Гас и Куманово-План.

В.С.

Поврзани новости