ВМРО до Спасовски: Фати ги крадците или дај си оставка!

by Фокус

ВМРО-ДПМНЕ побара оставка на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски поради случајот со украдено масло од марихуана.

„Тој или е неспособен да ги фати крадците на маслото од марихуана или е дел од криминалот. Веќе 4 ден како Спасовски молчи, и ни траг ни глас од кражбата во висина од над 2 милиони евра, во масло од канабис. Кражбата е извршена во објект во кој има десетици камери, а Спасовски уште не знае кој и каде е крадецот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека објектот го обезбедувала приватна агенција за обезбедување со седиште во Струмица, а ниту тие не знаат кој ги заобиколил и ја ограбил фабриката.

Поврзани новости