Данела Арсовска и нејзиното однесување водат само кон сомнеж дека таа нема деловна способност за да ја извршуваа оваа јавна функција – прв човек на град Скопје, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
“Арсовска само навредува, омаловажува, болно лаже или едноставно измислува, се однесува неурамнотежено. Оттука јасно е дека ваква личност не може да извршува јавна функција и потребно е вештачење да се утврди дали Арсовска е во состојба да го води градот”, велат од партијата.
Од таму додаваат дека и Ковачевски е нервозен бидејќи неговиот рејтинг е низок.
“На површина излегуваат неговите фрустрации од претседателот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, па и тој како и Арсовска, не пропушта прилика со примитивен речник да лиферува невистини во јавноста”, велат од партијата.
Кавгата меѓу Арсовка и ВМРО се разгоре откако таа го обвини Мицкоски дека и се заканил.