Опозицијата и денеска побара оставки од премиерот, Димитар Ковачевски, вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Тие сметаат дека
се позивесно е дека Македонија ќе добие уште едно вето, а ќе остане и со трајно нарушени преговарачки позиции.
-Ковачевски треба да си даде оставка поради манипулација и лажење на јавноста, но и нанесување на трајна штета на македонските преговарачки позиции.
Со согласноста која владата и Ковачевски ја имаат дадено на овој предлог воопшто и да излезе во јавноста се поставени темелите на идните Бугарски уцени во иднина, и можноста секој следен предлог да биде најмалку лош како овој. Вака направената штета не е моментална, туку трајна и за ова мора да има одговорност, изјави пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.
СДСМ пак вели дека опозицијата треба да побара одговорност од Христијан Мицкоски затоа што со денови ширел лаги и невистини за процесот со Бугарија.
-Мицкоски лажеше за наводна асимилација и бугаризација и ги поткопуваше државните позиции во однос на Бугарија.
За таквото однесување ВМРО-ДПМНЕ да побара одговорност од Мицкоски а потоа да престане со деструкциите, реагираа од СДСМ.