Најголемиот скандал на непотизам во македонската историја не смее да заврши само со минорни прекршочни мерки и потоа се да остане како што било до сега, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски. Според него, оставката на пратеничката Тања Ковачев е нешто што таа најмалку може да го направи во моментов, со оглед дека повеќе членови од нејзиното семејство се вработени во државниот и јавниот сектор.
-Дејан Ковачев, без соодветно образование е вработен во АД Аеродромски услуги- Аеродроми на Република Македонија. Сестрата на истата пратеничка, Катерина Хаџиевска Јакимовска е вработена во УЈП како инспектор за игри на среќа. Зетот за сестра, Бобан Јакимовски беше вработен во Водовод и канализација Скопје, а Елеонора Фунду, золвата, односно сестрата на сопругот на пратеничката беше поставена како претседател на Надзорен одбор на АД Аеродромски услуги Аеродроми на Македонија каде што работи Дејан Ковачев сопругот на Тања Ковачев, жената која што ги вработи целата своја фамилија и беше рекорден во непотистички вработувања. Срамота е Тања Ковачев да помине само со парична казна од неколку стотина евра – рече Арсовски.