ВМРО бара оставка од Арсовска: На пат е да стане полоша и од Шилегов

by Фокус

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска да си поднесе оставка, бидејќи е неспособна и ги измами гласачите, бара ВМРО-ДПМНЕ, која ја поддржа кандидатурата на Арсовска на последните локални избори.

„Арсовска да си поднесе оставка, зошто во криза парите на скопјани ги троши на анкети. Додека Градот должи 1 милион евра на ЈП „Улици и патишта“, Арсовска фрла десетици илјади евра на себе промоција платена со парите на скопјани. Арсовска да си поднесе оставка бидејќи молчи за долгот на Клинички центар кон ЈП „Водовод и канализација“ Скопје, во висина од 2 милиони евра, само поради коалицијата која ја има со СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека еден месец по нивното разединување со Арсовска, Градот е пред банкрот.

„Арсовска да си поднесе оставка зошто нема кредибилитет. Таа ја напушти програмата и ветувањата со кои дојде на власт и е на пат да стане полош градоначалник и од Петре Шилегов. Скопје не смее да тоне заради неспособноста и криминалот на Арсовска. Затоа да си поднесе оставка веднаш“, порачаа од партијата на Христијан Мицкоски.

Поврзани новости