ВМРО бара одговорност за скандалот со злоставуваното девојче од „25 мај“

by Фокус

ВМРО-ДПМНЕ и јавноста се згрозени од неодговорноста и индолентноста на надлежните институции за скандалот со сексуално злоставување на малолетно девојче згрижено во Јавната установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми „25 Мај”, изјави Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ниту Министерството за труд и социјална политика, ниту надлежните институции не излегуваат со конкретни податоци како и зошто е дозволено ваква трагедија да му се случи на девојче за чија грижа државата ја презела одговорноста. Уште помалку слушнавме и видовме конкретна одговорност за овој случај кој што ја потресе јавноста – рече Андоновска.

Царовски во емисијата Топ Тема на Телма вчера истакна дека во понеделник ќе се знае кој е одговорен и кој ќе ја понесе одговорноста за случајот со 13-годишното девојче, кое абортирало откако било сексуално експлоатирано.

 

Поврзани новости