628
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, денеска порача дека само брзи избори се решение за политичката криза кон која, според него, премиерот Зоран Заев ја туркал државата.
На прашањето што доколку СДСМ обезбеди мнозинство во Парламентот, Ковачки додаде дека резултатите од локалните избори покажале кој ја добил довербата од граѓаните.
-Тие може да купат уште пратеник, два или три. Меѓутоа тие немаат кредибилитет да продолжат да владеат и затоа бараме брзи предвремени парламентарни избори – рече Ковачки.