ВМРО: Арсовска да даде оставка, таа е деструктивна и криминална до коска

by Fokus

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, која според нив е деструктивна и криминална до коска. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека неспособноста на Арсовска беше закана за масовна зараза во Скопје и дека градоначалниците нма скопските општини од ВМРО-ДПМНЕ го чистат ѓубрето.

„Со денови не се собира ѓубрето во Скопје поради неспособноста на Арсовска и градската власт. Вчера во текот на вечерта и доцна во ноќта екипи формирани од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ со екипи и механизација од градови од внатрешноста помогнаа значаен дел од ѓубрето наталожено со денови да се исчисти од улиците. Но неспособноста и примитивизмот на Арсовска немаат граница, а тоа се виде кога нејзиниот директор во ЈП Дрисла одбиваше да го прими ѓубрето однесено со камиони“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозициската партија: „Фрустрациите на Арсовска одат до таму, што не само што е неспособна, туку не може да се носи со фактот што градочалниците од ВМРО-ДПМНЕ кои управуваат со далеку помали системи на локална организација успеаја да го решат проблемот кој таа го создаде“.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека за фрустрациите и другите состојби на Арсовска не можат да и помогнат.

„За тоа има други институции, но за Скопје е најдобро да си даде оставка, и тоа што побрзо“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости