654
Два дена по ред бројот на заразени со Ковид-19 во Хрватска надминува 1.000 луѓе. Таквиот развој на епидемијата, сепак, нема да донесе ново масовно затворање, туку поригорозни мерки по жупании.
Како што пишува „Индекс“, Кризниот штаб ќе препорача жупаниските штабови да преземат поголема одговорност во донесувањето на конкретни мерки, во нивното спроведување и во казнување на тие што не ги почитуваат мерките.
Тоа првенствено се однесува на сопствениците на различни објекти, од кафулиња до ресторани, фитнес центрите, граѓаните кои не носат или неисправно ги носат маските, како и во случаите на недозволените приватни собири.