Влезниците за Ф1 во Лас Вегас од 500 до 10.000 долари

by Fokus

Најевтиниот билет за Големата награда на Лас Вегас, која во рамки на Формула 1 ќе се вози на 18 ноември идната година, ќе чини 500 долари, а најскапиот 10.000 долари, соопштија организаторите на трката.

Во соопштението се прецизира дека на навивачите кои ќе купат влезници по цена од 500 долари ќе им биде овозможена храна и безалкохолни пијалаци во неограничени количини, но ќе мораат да стојат покрај патеката.

За место на трибините ќе биде потребно да се издвојат 2.000 долари за тридневната програма.

Лас Вегас последен пат беше домаќин на трка во Ф1 пред повеќе од 40 години.

Трката ќе се вози на прочуената патека „Стрип“ која минува покрај познатите градски хотели и казина, а е во должина од 6.12 километри со 14 свиоци.

Поврзани новости