Влезниците од 1.990 денари за концертот на Јосипа Лисац во Скопје, од утре се пуштаат во продажба

by Fokus

Утре  од девет часот ќе бидат пуштени во продажба влезниците за концертот на музичката дива Јосипа Лисац (73), и можат да се купат по цена од 1.990 денари онлајн на ticketx.mk, како и ширум продажната мрежа на ticketx.

Концертот на Јосипа ќе се одржи на трети ноември во Македонска Филхармонија, а организатор е Авалон Продукција.

Од таму истакнуваат дека Лисац ќе го прослави јубилејот, 50 години од издавањето на албумот ,,Дневник једне љубави” и во Скопје, и ќе се пејат сите нејзини големи хитови.

Нејзиниот последен концерт во Скопје се одржа пред пет години, и беше дел од нејзината турнеја ,,50 години Јосипа”.

Култниот албум ,,Дневникот на една љубов” кој беше издаден пред пет децении, и во чија чест се одржува нејзината сегашна турнеја, е дело во кое е овековечена нејзината љубов со композиторот Карло Метикош, кој почина во 1991 година, на 52-годишна возраст.

Во постаро интервју за хрватските медиуми, таа откри дека првата средба им се случила во 1970 година во Скопје, каде имале заеднички настап со повеќе музичари, а љубовната врска ја започнале една година подоцна.

И по 32 години од неговата смрт, таа прави концерти со кои ја одбележува годишнината од неговата смрт.

Вики Клинчарова

Поврзани новости