Двата концерти на хрватската музичка ѕвезда Петар Грашо кои треба да се одржат во Скопје на 13-ти и 14-ти декември во Македонската Филхармонија, без претходна реклама биле распродадени во рекордно време.
Поради тоа организаторот, Авалон Продукција, најави дека веќе е закажан и трет концерт, кој ќе се одржи на 15-ти декември.
-Првите два концерти на Грашо се распродадени без апсолутно никаква реклама, а притисокот за влезници е се поголем. Затоа ќе има и трет концерт, кој ќе биде последен, шанса за четврт концерт нема да има – информираат од Авалон.
Влезниците за концертите изнесуваат 1.500 денари, а пак лимитираните ВИП влезници изнесуваат 2.000 денари. Музичарот е чест гостин во земјава. Неодамна беше главна ѕвезда на роденденската забава на винаријата Камник во Скопје.
Вики Клинчарова