Популарниот пејач и кантавтор Владо Јаневски ќе одржи концерт во Македонска филхармонија на 16-ти ноември. Настанот е насловен ,,Златни години” и е најавен како интимна средба со неговата публика, каде со бенд во полн состав ќе бидат изведени неговите големи хитови.
Организаторот, Авалон Продукција, информираше дека влезниците по цена од 1.500 денари биле пуштени во продажба на 13-ти септември, за да потоа, по пет дена извести дека концертот на Јаневски е распродаден.
Најава за втор концерт, барем засега нема.
Јаневски е дел од македонската музичка сцена околу четири децении, членувал во повеќе групи, но најголема популарност доживеа со ,,Ластовица” на почетокот на деведесеттите години на минатиот век.
Потоа продолжи со соло кариера и беше првиот македонски претставник на Евровизија во 1998 година.
Роден и израснат во Скопје, тој последниве години живее во Гевгелија, град за кој кажа дека му помогнал да си го најде мирот, а има редовни настапи низ земјава.
Вики Клинчарова