Започна продажбата на влезниците за концертот на легендарните „Whitesnake“, кој ќе се одржи на стадионот на АРМ во Скопје на 12-ти јули.
Цените изнесуваат 1.500 денари за партер и 2.000 денари за фанпит.
Англискиот рок бенд кој е присутен на сцената околу пет децении и со чии хитови растеа многу генерации, ќе ја започне големата европска турнеја на 10-ти мај со концерт во Даблин, потоа следуваат концерти во Лондон, Манчестер, Стокхолм, Минхен, Загреб, Будимпешта, Белград, Атина, Скопје… и за крај Могилово, соседна Бугарија. Според информациите објавени на нивната официјална страница, планирани се дури 31 концерт од 10-ти мај до 14-ти јули.
-Големо е задоволството да ве информираме дека успеавме на WHITESNAKE Farewell tour да го вклучиме и Скопје, со голем и последен концерт кој ќе се случи на 12-ти јули 2022 година, на стадионот на АРМ, со почеток од 21 часот.
Иако сите албуми им се врвни, а концертите енергични и спектакуларни, фронтменот на бендот David Coverdale одлучи во 2022 година да стави крај на WHITESNAKE. Впрочем, тоа е одлука само на најголемите, а крај без Скопје и Македонија, едноставно не е возможен – информираат организаторите на концертот во Скопје, Авалон Продукција.
Вики Клинчарова