Влен трие лен

by Фокус

Најновата бескрупулозна наглост на етнопрофанација беше назначувањето главен ревизор за европските пари од ИПА фондовите. Дотичниот лик од групниот портрет на ВЛЕН, без лиценца скокна од шалтер на банка до ревизор, а беше разрешен дури по реакцијата на ЕУ.

Пишува: Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ

Продолжуваат катадневните просерувања на политикантите. Наместо да разговараат и работат на решавање битни прашања и проблеми, племенските поглавари, во отсуство на капацитет и визија, наметнуваат теми и дилеми за создавање етнички тензии и конфликти.

Понекогаш ѓаволски е тешко да се разликува стварноста од привидот, особено ако зад видливото се бара и невидлива страна на нештата. Доколку се набаса на човеци, кои кабадахиски се убедени во одредени свои предубедувања и вообразувања, нема поедноставен начин да се заталка во нивните фикции.

КОЈ Е ПОГОЛЕМ АЛБАНЕЦ

По откачалката на ДУИ за „победник со победник“, еве сега и коалицијата „ВЛЕН“ (ВРЕДИ), со невидена леснотија кине ептен зелени за Академија на науките и уметностите на Албанците во Македонија. Со сквернување и бербатење, склопката од четири партии се надмина себеси, девалвирајќи научни вредности пред етникум.

Дали станува збор за криза на идентитет, бидејќи паднаа во стапицата на ДУИ да докажуваат кој е поголем Албанец, дали за инфантилна опсесија да имаат етнички „храм на бесмртни“ или, пак, само пуста желба и намера од инает, тие си знаат, доколку знаат!

Најверојатно ќе е амбивалентен каприц со сосема спротивни чувства и ставови во однос на албанскиот етникум. Од една страна, опседнатост да им се покаже на „дуиџиите“ кој е поголем Албанец, а од друга инает да се направи пакост на Македонците. Така се скроени, таков им е ќудот, секогаш го сакаат она што го имаат други, па дури и кога воопшто не им треба.

Иницијативата наликува на познатиот бугарски виц за првиот Бајгањовски космонаут што Баќушките го зеле заедно со кучето Лајка. Кога прашал какво треба да прави, му одговориле: „Нарани кучета и не пипај копчета“! Е, на тоа се сведе коалицијата (JO)VLEN „(НЕ)ВРЕДИ“!

Фарсата не претставува изненадување, со оглед што склопката ВЛЕН суштински не е и не може да биде политичка коалиција на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа беше апсолутно противприродна врска меѓу политичка партија и склопка од четири субјекти со коренито различни партиски профили и интереси.

Логично, од таков полигамиски брак од сметка можеше да се предвиди дека ќе се изроди политички Франкенштајн.

Коалиција подразбира различни политички интереси и вредности, кои се во позитивна поларизација, т.е. политички плурализам, со компромиси, дури и за спротивставени политички интереси.

Разликите во коалицијата не се непремостливи пречки и коалициските партнери можат да реализираат одредени свои политички интереси во прифатливи и разумни ограничувања. Без да ги погазат вредностите од кои се раководат, можат да се договорат за хиерархијата на политички интереси и вредности.

ЕКСКЛУЗИВНА ЕТНИЧКА ЗАСТАПЕНОСТ

Во случајов, на позитивната поларизација ВЛЕН се спротивставува со негативна, преку некомпатибилност, односно екстреми, кои заемно се исклучуваат (национални институции-паралелни, унитарна држава-федерална, владеење на право-беззаконие, мерит-споил систем), што од Македонија прават разграден двор.

Најновата бескрупулозна наглост на етнопрофанација беше назначувањето на главен ревизор за европските пари од ИПА фондовите. Дотичниот лик од групниот портрет на ВЛЕН, без лиценца скокна од шалтер на банка до ревизор, а беше разрешен дури по реакцијата на ЕУ.

Нема дилема, по ваква аналогија, склопката од ВЛЕН утре-задутре можe со невидена леснотија да побара ексклузивна етничка застапеност без услови и критериуми на продуцирање, инкубирање и промовирање свој Ајнштајн како нивниот опонент командант Форина, да предлага кандидати за Нобелова награда, бара паритет на учесници за Олимпијади и евровизиски натпревари, космонаути, етнобаланс за оперски пејачи, тенисери, астробиолози, уфолози, екстрасенси, експерти, толкувачи на јавето и сонот, ако треба и поглавари на МПЦ-ОА!

Без заобиколување, од 2001 година се интензивира долгорочната стратегија за создавање паралелни институции, хомогенизација и гетоизација на Албанците во Македонија. Иницијативита на властољубивите дезинтегративци за воведување правен принцип „победник со победник“ и концепт за територијална реорганизација според белгиски модел, како и најновата на ВЛЕН амбициозните необалисти за Академија на науките и уметностите на Албанците во Македонија, претставуваат отворена заложба за територијална дезинтеграција, федерализација и губење на суверенитетот.

Дотаму забегаа работите што сите противења на вакви „големи идеи“ се прогласуваат за албанофобија. Племенската идеологија е проста: „Ако ти даваат прст, зграпчувај цела рака“. Бељаџиите рака подаваат само кога треба да земаат.

Токму затоа, премиерот вети мораториум на разговори за бизарни и ступидни теми од сортата „Влен трие лен да им помине ден“!

Поврзани новости