ВЛЕН: Провокациите на маргинализираниот проруски политичар во Бугарија го отежнуваат динамизирањето на патот на Северна Македонија кон ЕУ

by Fokus

Влен изразува загриженост и ги осудува изјавите на, како што велат, некој маргинален проруски политичар во Бугарија кој тврди дека „нема ништо пологично од припојување на Македонија кон Бугарија“.

„Ваквите изјави не придонесуваат кон подобрување на односите меѓу двете соседни земји, ниту пак го олеснуваат процесот за интеграција на Северна Македонија во Европската Унија. Сакаме да потсетиме дека Бугарија, со Договорот за добрососедство, се обврза да биде партнер, промотор и поддржувач на Северна Македонија на патот кон членство во Европската Унија.

Коалицијата ВЛЕН во рамки на Владата вложува сериозни напори за отстранување на пречките за исполнување на условите за полноправно членство во ЕУ. Но, ваквите провокации го враќаат процесот назад и прават штета на искрените напори за динамизирање на патот на Северна Македонија кон целосна интеграција во европското семејство. Влен ќе продолжи да работи на заштита на интересите на граѓаните на Северна Македонија и на обезбедување сигурен пат кон европските интеграции“ се вели во соопштението.

Поврзани новости