Коалицијата Вреди на вчерашните прозивки на политичките опоненти ДУИ за непочитувањето на Охридскиот договор и начелата во него велат дека во времиња на тектонски политички промени, во кои ДУИ и нејзините сателити клеветат, измислуваат и подготвуваат амбиент за оспорување на придобивките на Охридскиот договор заради заштита на криминалот, е од суштинско значење да се обединат уште посилно.
Во партиското соопштение од Вреди се истакнува дека целта на коалицијата е да се биде политичкиот партнер во Владата кој не само што ќе ги идентификува и решава секојдневните проблеми на Албанците, туку и ќе нуди конкретни и остварливи решенија за поставување фундаменти за сигурна иднина.
„Вреди го истакнува недвосмисленото единство и посветеност на заедничките принципи, вредности, идеологија и програмски заложби, потенцираат од коалицијата. Во соопштение до јавноста посочуваат дека тие остануваат на целта да прераснат и да се развиваат во политичко движење кое ќе одговори на потребите на Албанците со добро дефинирани стратешки чекори“, се наведува во соопштението од коалицијата Вреди.
Инаку, коалицијата Влен или Вреди, која ја дели власта по последните избори со ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, вчера повика на кривичен прогон на доскорешниот министер од редовите на ДУИ, Бујар Османи.