ВЛЕН: ДУИ се урива како кула од карти

by Фокус

ДУИ се урива како кула од карти. Оние кои 20 години ја упропастија државата со корупција и криминал денеска се соочуваат со правдата, велат од владејачката коалиција ВЛЕН.

Од таму велат дека осомничените за криминалите во Државна Лотарија, Артан Груби и Прпарим Бајрами, се во бегство, додека на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко одземен му е пасошот.

Од партијата додаваат дека ДУИ сега е синоним за измама, кражба и предавство на албанскиот народ.

„Рамиз Мерко нон грата, познат кај неговата клика како кралот на Струга, денес се соочува со своите злодела. Обвинителството, судовите и МВР кои некогаш го штитеа, денес не можат да го спасат“, се додава во соопштението.

Поврзани новости