Добро е што дел од ДУИ на прашањето за реорганизација на министерствата покажа дека може да биде и конструктивна опозиција, соопшти ВЛЕН.
„После бојкотот на гласањето за Африм Гаши заедно со Левица, ова е мал исчекор кон прифаќање на реалноста. Закон за правична застапеност на етничките заедници во органите на државна управа е дел од коалицискиот договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН, кој ќе содржи механизми кои ќе го заменат балансерот во разумен рок.
Формирањето на ад хок собраниска комисија предводена од опозициски пратеник е добар чекор во зајакнување на контролата на законодавната врз извршната власт. ВЛЕН изразува задоволство што нашите апели кај некои пратеници на ДУИ вродија со плод.
Ниту една лична кариера не е поважна од сигурната иднина на Албанците во ЕУ. Новата организација на Владата ќе овозможи поголем степен на ефикасност во реализација на заедничките програмски цели, што е во интерес на сите граѓани на Северна Македонија“, стои во соопштението на ВЛЕН.