,,ДУИ индиректно призна дека со сите сили и инсталации се труди да ја опструира работата на новата Влада само за да се спаси од кривична одговорност и да го заштити нелегално стекнатиот имот.
“Мувлата на ДУИ” не се достоинствените и чесните Албанци во администрацијата, туку нивните заслепени партиски војници на кои поважно им е криминализираното раководство во Мала Речица отколку правдата и функционирањето на системот.
Синоним за “мувлата на ДУИ” е срамната спогодба на Иџет Мемети со “Абазиското обвинителство” за да добие условна казна за примање поткуп за олеснување на постапката за лице обвинето за шверц на цигари.
Синоним за “мувлата на ДУИ” е да издејствуваш три правни акти за да го принудиш правосудниот систем да екстрадира поранешен борец на УЧК во Србија, пред да се изјасни Врховниот Суд, само за да предизвикаш тензии и да ги обвиниш ВРЕДИ.
Синоним за “мувлата на ДУИ” е да најавуваш дека ќе го напуштиш ЗЕЛС наводно заради дискриминација на општините кои ги водат нивни градоначалници, а да нема доблест, чест и образ да се оградиш од Рамиз Мерко затоа што е ставен на црната листа на САД.
Ова деструктивно однесување на ДУИ е препознаено од мнозинството Албанци и ќе биде жестоко казнето.”, велат од ВЛЕН.