ВЛЕН: Американската црна листа е морално обвинение за ДУИ!

by Fokus

Од коалицијата Влен велат дека црната листа на санкции на САД е морално обвинение за ДУИ, откако на листата се најде функционерот и поранешен вицепремиер Артна Груби.

„Ова е партијата нон грата ДУИ! Прво те учи на уметноста на корупција, те прави мајстор за манипулација, те збогатува со потта на граѓаните, а потоа кога САД ќе те стават на црна листа, тој излегува и го игра вообичаениот театар. Артан Груби, сенката на Али Ахмети, е претставен како “чист како солза“ и на крајот, кога веќе не те сакаат како сенка на криминалец, те фрлаат и забораваат како никогаш да не си постоел!

Наместо да се извинат, немаат срам и продолжуваат да се правдаат со стилот: “Не сме само ние, краделе и други! И други се на американските црни листи!“ Ова е крајот на нивниот морал, тие ја прифаќаат вината, но се обидуваат да ја релативизираат и да ја споделат со другите!

Вистината е следна: ДУИ е единствената албанска партија на американската црна листа. Нејзините функционери се единствените обвинети за висока корупција, уништување на судството и соработка со антиамерикански кругови. Единствената партија која корупцијата ја претвори во идеологија, а злоупотребата на власта во мисија.

Ако има некое посрамно лице во албанската политика, тоа се овие! Но, нивното време истекува. Граѓаните ја знаат вистината: ДУИ повеќе не е партија на Албанците, таа е партија на крадците и срамот!

Ние, од ВЛЕН, ќе бидеме таму за да ја доведеме оваа кауза до крај, отстранувајќи ја ДУИ нон грата од секаков облик на власт и враќајќи му го достоинството на албанскиот народ!“ порачаа од Влен.

Поврзани новости