Влен: Ахмeти да одговори дали на Мицкоски му понудил само 4 министерства за да влезат во влада

by Fokus

Времето на 22 години режим на ДУИ два пати со СДСМ и еднаш со ВМРО-ДПМНЕ конечно заврши. Партиите кои раководат со Албанските општини како Тетово, Гостивар, Чаир најмалку може да се слаби или неподготвени. Жалиме што Ахмети се мачи да ја прифати реалноста дека ќе биде опозиција, реагираат од коалицијата Влен на изјавата на лидерот Али Ахмети.

-Добро би било да објасни на своите гласачи дали е точно дека на Мицкоски му понудил да избере само 4 министерства кои би му ги дал на целиот Европски фронт без собраниски спикер, за да влезат во неговата Влада наместо Влен?

Да видиме кои се тие кои без срам и перде коленичат да влезат во Влада токму со оние кои во кампањата ги обвинија дека работат за Путин и Русија? Искрено сметаме дека Али Ахмети треба да престане да си го руши и тоа малку што остана од митот за неговиот лик и дело од 2001, после аферите со “Соравија” и казино бизнисите.

Недозволиво е еден човек кој пред 25 години се борел за правата на Албанците, сега да предизвикува омраза меѓу Албанците само за да обезбеди амнестија за своите корумпирани функционери. Срамно е, понижувачки е! Не е ништо страшно да се биде опозиција. Нека се реформираат, нека се прилагодат на модерното време на 21 век и бујрум нека чекаат шанса на следните избори. Ниту една лична кариера не е поважна од сигурната иднина на Албанците во ЕУ, велат од Влен.

Поврзани новости