Признавањето вина од страна на Иџет Мемети, индивидуа со долгогодишно и влијателно искуство во нашиот државен систем, ги потресува темелите на кревката правда во оваа земја, обвинија денеска од Влен.
-Во текот на 22-годишното владеење на ДУИ, г. Мемети вршел значајни функции како Министер за правда, Уставен судија и Народен правобранител, станувајќи фигура која го претставува правосудството во нашата земја. Но, овој последен случај го потврдува она што ние како коалиција го осудуваме цело време: непоправливата и длабока корупција во правосуден систем.
Признавањето на вината од г. Мемети, заедно со судијата на Врховниот суд, г. Наќе Георгиев, за мито од 10 илјади евра, со цел намалување на казната на поранешниот градоначалник на општина Ново Село, г. Боро Стојчев, е горчлив доказ за понатамошното намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем.
„Абазиското” обвинителство, за да ја спаси својата глава, одлучи да склучи договор со овие лица, олеснувајќи им ги процедурите и казните, додека судството го прифати „договорот“ со истата рамнодушност и недостаток на морал.
Г. Мемети, некогаш вториот највлијателен човек во Советот на јавните обвинители, пред само три месеци изјави дека не направил ништо незаконско и нѐ уверуваше дека вистината ќе излезе на виделина. И еве, денес јасно е дека вистината била сосема поинаква.
На иста линија се и две децениски изјави на ДУИ, кои секогаш кога беа фатени во скандали, повикуваа да се пријават во Обвинителство, во кое обвинителство? „Абазиското“!
Кога ДУИ зборува за ветинг, да бидеме јасни: тоа е фарса. Кога зборува за правда, тоа е лага. Нашата иднина не може да се гради на темелите на корумпирана и компромитирана правда.
Во овие услови, Коалицијата ВЛЕН ја чувствува својата должност да реагира и да го подигне гласот против овој срамен чин, што претставува пресвртница во борбата против корупцијата и за изградба на праведна и еднаква држава за сите, рече на прес-конференција портпаролот на „Влен“, Фари Хисени.