Влекач со приколка се судри со автомобил на патот Кичево – Гостивар: Тешко повредено едно лице

by Fokus

Тешко повреден маж во сообраќајна несреќа што се случила вчера на магистралниот пат Кичево – Гостивар, после влез за с.Тајмиште.

Според информациите, несреќата се случила помеѓу влекач „ман“ со приколка со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.М.(61) од Куманово и патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(29) од с.Инџиково, скопско.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил З.С.(56) од с.Инџиково, сопатникот од возилото „форд“, констатирани во Медицински центар Гостивар. Увид на местото извршила екипа од ОВР Кичево.

Поврзани новости