Влегол со пиштол во аптека и украл 80 шишенца метадон и фиксен телефон

by Фокус

Непознат сторител вчера во 18 часот на улицата „Ордан Николов“ во Битола извршил разбојништво на аптека.

Притоа, тој со закана со пиштол од вработените одзел 80 шишенца (по 10мл) „метадон“, околу 2.000 денари, мобилен и фиксен телефон.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости