Влажен бран од вечер, од вторник и снег

by Fokus

Под влијание на нов влажен бран од вечер и утре ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои повремени ќе бидат поројни. Пообилни врнежите ќе бидат во северозападните и источните делови од државата.

Поради продор на студена воздушна маса, освен на планините, врнежите ќе преминуваат во снег и на повисоките места, а утре кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник ќе има снег и на некои пониски места.

Синоптичарите за понеделник и вторник најавуваат силен северен ветер (и над 65 км/час), што ќе услови нагло намалување на дневните температури за седум до девет степени. Од вторник ќе преовладува постудено време со повремено зголемена облачност и појава на локални врнежи од дожд и снег.

Поврзани новости