621
Многу музички имиња го кренаа гласот откако градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов пред неколку дена најави дека е можно рушење на Универзална сала и на тоа место да се направи парк.
Македонскиот гитарски виртуоз, Влатко Стефановски преку својот Инстаграм апелираше да не се чепка ова култно место.
„Не го чепкајте храмот каде што настапувале Индекси, Леб и сол, Ју група и други бројни уметници од земјава и светот. Реновирање да, друго не!“, рече Стефановски.