Влатко Костов ќе ја предводи ФФМ?!

by fokus

Еден од најдобрите македонски фудбалски стратези, Влатко Костов ќе се кандидира за нов претседател на ФФМ, откако пред неколку дена, Илчо Ѓорѓиоски си замина од оваа организација.

Костов, кој беше тренер на неколку македонски прволигашки екипи, верува дека ќе постои демократски избор за прв човек на Фудбалската федерација на Македонија.

„Ја најавувам мојата кандидатура за Претседател на ФФМ!

Во оваа прилика сакам да кажам дека јас ќе ја истакнам мојата кандидатура за Претседател на ФФМ, но тоа ќе биде самостојно. Ги респектирам сите кандидати чии имиња деновиве кружат во фудбалските кулоари, бидејќи со многумина од нив имам изминатите години соработувано, но децидно, јас со никого немам правено никакви договори и сите оние што ќе пласираат таква вест во јавноста, нека се знае дека е обична манипулација. Деновиве, на многумина од нив во телефонски разговор им кажав дека истакнувам кандидатура, но со молба да не го користат моето име за некакви наводни претходни договарања. Подготвен сум да се соочам со одредени бариери на тој пат, од типот: тој и тој член од статутот. Не е важно колку ќе трае тоа, важно е вистината и одлучноста да победат за доброто на фудбалот. Верувам во демократскиот избор“, напиша Костов на својот профил на „фејсбук“.

Поврзани новости