Властите во окупираната област Херсон подготвуваат референдум

by fokus

Властите во областа Херсон во Украина, која беше окупирана од руската армија во март, почнаа со подготовките за референдум за приклучување кон Русија, објави денеска заменик-началникот на Воено-граѓанската управа на Херсонската област, Кирил Стремусов.

„Можам да потврдам дека се подготвуваме за референдумот и ќе го одржиме. Неочекувано, Херсонската област ќе донесе одлука да се приклучи на Русија и да стане полноправна конститутивна целина“, рече Стремусов во видео објавено на Телеграм.

Во средината на март, руското Министерство за одбрана соопшти дека областа Херсон е под целосна контрола на руските војници, а на крајот на април беше формирана воено-цивилна управа на тој регион.

Рускиот претседател Владимир Путин на 25 мај потпиша указ за поедноставување на постапката за добивање руско државјанство за граѓаните од регионите Запорожје и Херсон во Украина.

Поврзани новости