55
Руските власти ќе го чуваат телото на починатиот опозициски лидер Алексеј Навални уште 14 дена, изјави неговата портпаролка, пишува dpa.
„Инспекторите им рекоа на адвокатите и мајката на Алексеј дека нема да им го дадат телото. Телото ќе биде под некаков „хемиски преглед“ уште 14 дена“, напиша Кира Јармиш на Х.
Откако руските власти ја објавија смртта на Навални минатата недела, неговата мајка и адвокатите отпатуваа во сибирската казнена колонија каде што беше задржан за да го извлечат телото, но властите досега им не дозволуваа пристап.