744
Додека од владината коалиција тврдат дека се водат интензивни разговори со Алтернатива, со цел нејзините четири пратеници да го зајакнат парламентарното мнозинство, од опозициската партија на Африм Гаши ги демантираат ваквите информации.
–Не се водат никакви преговори за приклучување на Алтернатива кон владиното мнозинство. Сите други гласини во јавноста се шпекулации и обиди да се врши притисок врз Алтернатива – изјави за Фокус Орхан Муртезани, портпарол на Алтернатива.
Во меѓувреме, од СДСМ и други „помали“ владини партнери брифираат дека разговорите со Алтернатива се во сериозна фаза, а отвореност за да влезат во владата јавно изразија ДУИ и БЕСА.
В.С.