ВМРО-ДПМНЕ се распаѓа, во дворските игри и пресметки Мицкоски да не го меша СДСМ, изјави Мелиса Ценовска-Серафимовска од СДСМ. Таа рече дека се видливи големи внатрепартиски проблеми во ДПМНЕ и анти-ЕУ кампусот.
-ДПМНЕ се распаѓа. Обидите за создавање конфузија во јавноста и очајната потреба да го вмеша и СДСМ во внатрешните поделби и кавги во ДПМНЕ нема да му помогнат на Мицкоски. Во дворските игри и пресметки Мицкоски да не го меша СДСМ и сам да си ги решава кавгите – рече Ценовска-Серафимовска.
Според неа, Мицкоски е бледа копија на Груевски.
Откако Мицкоски објави фотографија со Гордана Јанкулоска, реагираше и Алијанса за Албанците, од каде посочија дека така го легализираат и рехабилитираат политичкиот и институционалниот криминал како политичка жртва.
„Фактот што ВМРО никогаш не најде сила да се извини за мрачното минато и да се огради од тој период, покажува дека и нивната иднина останува криминал и мрак, а во овие регресивни акции партнери се и некои мизерни Албанци“, порачаа од АА.