Власта предлага зголемување на платите на обвинителите и на членовите на Советот на јавни обвинители

by fokus

Владата преку Министерството за правда на чие чело е министерот Никола Тупанчески предлага зголемување на платите на јавните обвинители и на членовите на Советот за јавни обвинители.

Овие предлог закони се на дневен ред на денешната седница, ќе се носат по скратена постапка. Според собраниски извори, утврдена е потребата за донесување на овие закони кои потоа треба да поминат комисиски, па овие закони би требало да се донесат после Нова година.

Овие закони се предложени во мај 2022 година, кога анкетите покажуваа дека довербата во правосудството е осум проценти, а најновата анкета на ИРИ покажа 4 проценти доверба во правосудството.

Порталот СДК.МК објави дека владата предлага зголемување на платите на членовите на Советот на јавни обвинители, а според она што го пишува во предлог-законот целта на предложените законски измени е надградување на системот на плати на членовите на Советот на јавните обвинители, соодветни на значењето и угледот на функцијата кои ја вршат, тежината на работата и нивната одговорност.

-Финансирањето на членовите на Советот на јавни обвинители е една од основните претпоставки за неговата независност, самостојност и интегритет, почнувајќи од нивниот буџет како основа на финансиската независност и самостојност, се до платите и другите надоместоци на членовите на Советот на јавни обвинители, кој ја обезбедува и ја гарантира самостојноста и независноста на судската власт, се вели во предлог-законот.

Предлог-законот предвидува дека коефициентот за утврдување на платата изнесува:
– на претседателот на Советот 4,50,
– на заменик претседателот на Советот 4,26,
и
– на членовите на Советот 4,26, односно претседателот на Советот ќе зема плата колку премиерот.

На јавите обвинители пак платите ќе им се зголемат за да се зголемела нивната независност.

-Финансирањето на јавното обвинителство е една од основните претпоставки за неговата независност, самостојност и интегритет, почнувајќи од нивниот буџет како основа на финансиската независност и самостојност, се до платите и другите надоместоци на јавните обвинители, се вели во предлог -законот.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости