516
Потпретседателката на СДСМ и пратеничка, Фросина Ременски денеска рече дека очекува опозицијата да ги поддржи Предлог-измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
-Предложените законски измени, во текот на оваа недела, ќе бидат на второ читање на надлежната Комисија за транспорт и врски, каде што ќе се разгледуваат сите предложени амандмани. Добро е што опозицијата даде мислење и конкретни предлози за овие законски измени, но добро ќе беше тоа да го стореа порано за да може сите тие предлози што беа поднесени од страна на опозицијата, исто така, да бидат дел од јавните дебати и трибини на што се дебатираше за законско решение, рече Ременски.