Власта не успеа да ги заштити македонските интереси, вели Милошоски

by Фокус

Антонио Милошоски на неговиот профил на Фејсбук објави дел од преговарачката рамка на Европската унија, посочувајќи дека власта, според него, не успеа да ги заштити македонските национални интереси.

„Билатералниот Договор од Преспа, како и Договорот со Бугарија станува составен дел од преговарачката рамка со ЕУ, заедно со записниците на заедничката историска комисија кои ќе треба да се преточат во опипливи резултати. На Македонија и се отвара уште едно малцинско прашање (читај повторно отварање на Уставот) кое ќе биде нов услов, од кој ќе зависи кога ќе се одржи првата меѓувладина конференција. Процесот на Стабилизација и асоцијација кој досега беше засебен, ќе стане составен дел од Преговарачката рамка со ЕУ и преку него ќе се вметнуваат нови барања и услови поврзани со Рамковната Декларација на Бугарија од 2019 година“, напиша Милошоски на фејсбук.

 

Поврзани новости