Во Македонија се случува не мега, тука ултра скандал од највисок степен поврзан со следење на комуникациите на граѓаните. Власта набавила систем за следење на комуникациите, преку кој имаат можност за пристап до буквално целиот интернет сообраќај во државата, на било кој уред, на било кој телефон, на било кој оператор, на било кое лице – приватно или службено, како и можност за пристап до било кој уред, односно телефон со т.н. „малициозен софтвер“, обвинува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
-Во Членот 2 од Законот за следење на комуникациите е наведено дека за производство, нудење на продажба, продажба, увоз, извоз, реекспорт или држење на средства за следење на комуникациите мора претходно да се добие одобрение од МВР! МВР нема извршено никаква контрола! И Спасовски лаже дека одговорил на сите писмени барања кои му се упатени во врска со овој случај бидејки пред околу 2 месеца лично јас му пратив барање за оваа информација на која се уште нема одговорено!
Има сериозни индиции дека Министерот Спасовски е запознаен со предметот на набавката и имал увид до техничката спецификација на истата, а наводно и бил лично брифиран за истото на состанок кој се одржал во просториите на ОТА и на кој покрај Спасовски присуствувале и претставници на ЈО и лично Јовевски! Значи, МВР и Спасовски знаеле за набавката, не дале одобрение за истата, исто така знаеле за техничката спецификација бидејќи биле информирани, но не преземале ништо иако со закон се исклучиво надлежни да вршат контрола за набавки на опрема за следење на комуникациите од страна на било кој во Република Македонија!, обвини Јанушев.
Според него овој систем бил веќе во употреба една година и се користел за нелегално прислушување.
-Оградувањето дека станува збор за класифицирани информации е само криење и паника бидејќи се фатени на дело!, додава тој.