Владата предводена од СДС и ДУИ наместо да се грижи за граѓаните се грижела за интересот на поединци и за партискиот интерес.
Државниот завод за ревизија за 2021 година констатирал неосновано исплаќање на средства од страна на Генералниот секретаријат на Владата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Генералниот секретаријат исплатил средства на несоодветен начин од делот владини програми во 2021 година во износ од 1.404.711.000 денари, односно 23 милиони евра.
Додека Генералниот секретаријат исплаќал неосновано 23 милиони евра граѓаните се лечат во несоодветни услови, собираат пари за лекување на деца со помош на смс пораки, учениците не добиваа учебници, цената на струјата се покачи и слично.
Ова е еден од многуте примери за недомаќинско трошење на парите на парите на граѓаните од страна на владата предводена од СДС и ДУИ. Секој кој постапувал спротивно на законот мора да одговара“ се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.